Брзи преводи 24/7 T

Нарачувате превод и го добивате за 24 часа. Ви овозможуваме и преводот да го платите веднаш.

Преводот го извршуваме за 24 часа. Покрај нарачка и реализација, услугата овозможува и плаќање и гаранција на реализацијата на услугата во договорениот рок (24, 48 или 72 часа), иако услугата секогаш зависи од јазичната комбинација. При некои јазични комбинации може да се преведат околу 3 страници (750 збора) на ден.

Забелешка!

Услугата 24/7 T ќе биде достапна од декември 2017 година. Ви благодариме за разбирањето.

На што најмногу морам да внимавам?

При нарачување на услугата 24/7 T морам да внимавам на читливоста на документот, значи не смеам да праќам (поставувам) фајлови, односно документи кои не се читливи. Препорачуваме документи во Ворд, Ексел, ПДФ (но, сепак проверувам дали се читливи и дали има блокирани слики, полиња во самиот документ).

ПСД нема да признае никакви рекламации поради доцнење при давањето услуга, во случај кога странката не го почитува погоренаведеното!

Што е 24/7 T и зошто 24/7 T?

24/7 T е услуга која овозможува оптимизација на вашето време од нарачувањето до приемот на крајниот производ. Преводот го добивате во договорениот рок, а ние ќе се погрижиме преводот да биде на вашата е-адреса или на профилот ПСД Екстранет во договорениот рок. Услугата е посебно интерерсна за сите вас кои често патувате и во последен момент констатирате дека ви треба и превод пред состанокот во странство.

Кому е наменета услугата 24/7 T?

На сите кои сте во брзање и кои немате време да комуницирате со нашата канцеларија, и кои поради недостаток на време преводот можете да го пратите само преку мејл. На сите вие кои сакате гаранција за доставата на преводот во точно договорениот рок, ви советуваме услугата да ја платите веднаш по нарачката.

Колку брзо го доставувате преводот нарачан преку 24/7 T?

Преводите доставени преку пошта/брза пошта/курир доцнат определено време, што зависи од брзината на доставување на определената доставна служба.

Што значи договорениот износ 24/7 T?

Доколку претходно сте се договориле за трошокот на услугата со некого од нашата канцеларија и тоа го имате потврдено преку е-пошта, услугата може да ја нарачате преку 24/7 Т и да ја платите по претходно договорената цена. Во тој случај, нашите вработени ќе ги проверат договорените услови и на сосема ист начин ќе ја достават услугата во рок од 24/48/72 часа.

Како ја плаќам услугата 24/7 T?

Нарачаниот превод го плаќате преку интернет. Во посебниот дел од интернет-страницата – Плаќање, системот ќе ви понуди различни можности на плаќање.

Важно!

24/7 T само ако се плати?

24/7 T е услуга која ако ја платите, ја добивате во договорениот рок. Сите останати договори и нарачки добиени преку мејл, интернет-страницата, итн. ги обработуваме како нарачка и за тоа праќаме понуда со рокови на доставување.

24/7 T само во текот на работното време?

Услугата може да ја нарачате кога било, зашто е автоматизирана, но внимавајте на временските зони на нашите канцеларии. Нарачаниот превод секогаш ќе биде примен на почетокот на работното време. Повеќе за временските зони во кои работиме, и за тоа во која е најбрзо да нарачате превод овде.

Услугата е автоматизирана.

Сите останати нарачатели за брзи преводи може да се обратите во која било од нашите канцеларии. Јавете се.

Доколку за еден час не добиете потврда, побарајте нè!

Доколку за еден час од плаќањето на нарачката, на вашата е-пошта не пристигне автоматски одговор за почетокот на проектот, веднаш известете нè. Повеќе за временските зони и за начинот на известување ќе дознаете, доколку кликнете овде.

СОС-телефон

За вас имаме предвидено повеќе можности за известување.

Јавете се на: 080 24 24 или на: +386 1 541 61 26 односно јавете се и/или пратете СМС на: +386 30 661 661; и ќе ви одговориме најбрзо што можеме.

certifikat iso 17100