ОПШТИ УСЛОВИ НА РАБОТА
Преамбула
Фирмата ПСД преведувачки услуги д.о.о. со седиште на Кведрова цеста 5а во Љубљана, запишана во судскиот регистар на Окружниот суд во Љубљана под бр. 1/42604/00 и со даночен број SI65489616 (во продолжение: ПСД), заедно со фирмите-ќерки и со партнерските фирми формира меѓународно преведувачко претпријатие, кое на своите странки им ги овозможува следните услуги: превод, ревизија, редакција, толкување и судско заверени преводи, како и други услуги поврзани со преведување, основање претпријатија, советување во рамките на подрачјето на основањето претпријатија, како и услуги поврзани со тоа и поволности, кои произлегуваат од споменатите услуги и договори помеѓу ПСД и странката (во продолжение: систем ПСД). Системот ПСД опфаќа и систем на нарачување, интернет-апликација ПСД, систем на работа, SVK (систем на управување со квалитетот) стандардизиран со EN 15038:2007 и со ISO 9001:2008, PSD Extranet, интернет-страница, членство, лиценца, како и секакви понуди и поволности поврзани со услугите кои ги извршува ПСД.
ПСД своите договорни обврски и барања спрема странките има право да ги исполнува или да ги остварува и преку локалните подружници ПСД, кои при нивното дејствување се постојано активни како нејзини помошници. Сите договорни односи на странката се исклучиво спрема ПСД, а не спрема нејзините фирми-ќерки и затоа тие не се засноваат врз основа на нивните дејности, значи, фирмите-ќерки не одговараат за обврските од работата/задачите, кои ги извршиле за ПСД, па затоа странката валидно може да се обрати само кај ПСД.
ПСД кога било може да ја зголеми палетата услуги во рамките на ПСД, односно во рамките на која било единица ПСД или на друга партнерска фирма (во продолжение: партнери ПСД) со која постои договор за соработка, и на тој начин на своите странки им овозможува нарачување советодавни услуги, и тоа: советување за претпријатија, правни или даночни советувања, финансиски советувања. Во случај на нарачка од проширената палета услуги, одговорност за изведување на услугите имаат фирмите-ќерки или партнерите, односно фирмите кои изведуваат таков вид услуги.

1) Предмет на договорот
1.1 Во согласност со општите услови, ПСД нуди услуги, кои странката ги нарачува врз основа и на начин како што е определено, односно договорено помеѓу странката и ПСД.

2) Договорни страни
2.1 Освен основата на предметот на договорот, како што е опишана во овие Општи услови на работа, помеѓу ПСД и странката не постои никаков друг правен, а пред сè не постои деловноправен однос.
2.2 ПСД склучува спогодбен однос само со лица кои веќе наполниле 18 години. Доколку странката не е полнолетна, договорниот однос со ПСД може да го склучи само со писмена дозвола на својот законски застапник.

3) Употреба на системот ПСД и начини на плаќање
3.1 Системот ПСД нуди повеќе начини на нарачување на услугите:
3.1.1. НАРАЧКА ПРЕКУ ИНТЕРНЕТ
Наједноставен начин за нарачка на нашите услуги. Нарачувањето преку интернет е безбедно и брзо зашто веднаш добивате потврда за својата нарачка. Покрај тоа, на располагање ви се и различни начини на плаќање на нашите услуги, и тоа преку Moneta (само за Словенија), е-банка, можност за издавање профактура или издавање фактура, преку PayPal, итн. Нарачката преку интернет значи брз и ефикасен начин на нарачување, како и на прифаќање на сите услови на нашата интернет-страница, како што се: цена, начин на изработка, рок на изработка, итн. Со нарачувањето преку интернет, странката се обврзува да ги изврши сите обврски под услови што ги определува ПСД.

Напомена!
Услугите се сметаат за нарачани кога понудата ПСД е потврдена, и тоа: преку интернет, е-пошта, нарачница, интернетската апликација ПСД (PSD App).

Важно!
Во случај на нарачка и плаќање преку интернет, се подразбира дека сте ги прочитале овие услови и дека се согласувате со нив.
Без оглед на условите наведени на интернет-страниците, ПСД го задржува правото да ги промени условите, наведени на интернет-страницата.

3.1.2. НАРАЧКА ПРЕКУ ЕЛЕКТРОНСКА ПОШТА
Одговор добивате во форма на информативна понуда во рок од 8 часа (во случај нашите капацитети да се презафатени, ве известуваме за можно задоцнување на информативната понуда). За изработка на информативната понуда пратете ни што повеќе податоци, како што се: текстот за превод, целниот јазик на преводот, барање за лектура, рок на изработка и други детали. Самото распрашување, односно нашата информативна понуда не ги сметаме за потврдена нарачка, сè додека странката не ја потврди нарачката (види: Напомена) или плаќањето на услугата во рок и под услови наведени во понудата (обично во форма на профактура). Во случај услугата да не е платена во рокот наведен во понудата, или доколку нарачницата не е испратена (види: Напомена), сметаме дека услугата не била нарачана. И во таков случај, вашата нарачка ќе ја водиме како евиденциска нарачка. Без разлика на претходниот настан, ќе ја добиете посакуваната услуга, само под нови услови.

Напомена!
Сметаме дека услугите се нарачани, кога понудата ПСД е потврдена, и тоа: преку интернет, е-пошта, нарачница и преку интернет-апликацијата ПСД (PSD App). Услугите, за кои и пред нарачката е склучен важечки договор се нарачани секогаш кога странката го потврдува изведувањето на услугата (преку е-пошта, формулар за нарачка, интернет-апликацијата ПСД (PSD App)).

3.1.3. НАРАЧКА ПРЕКУ ТЕЛЕФОН
Одговор добивате во форма на информативна понуда во рок од 8 часа (во случај на презафатеност на нашите капацитети, ве известуваме за можно задоцнување на испраќањето на информативната понуда). За изработка на информативната понуда, испратете ни што повеќе податоци, како што се: текстот за превод, целниот јазик на преводот, барање за лектура, рок на изработка и други детали. Вашата нарачка по телефон не ја сметаме за нарачка, па затоа мора да ја потврдите на начин како што е опишано подолу во делот: Напомена.

Напомена!
Сметаме дека услугите се нарачани, кога понудата ПСД е потврдена, и тоа: преку интернет, е-пошта, нарачница и преку интернет-апликацијата ПСД (PSD App). Услугите, за кои и пред нарачката е склучен важечки договор, се нарачани секогаш кога странката го потврдува изведувањето на услугата (преку е-пошта, нарачница, интернет-апликацијата ПСД (PSD App)).

Важно!
Во случај на нарачка преку електронска пошта или телефон, се подразбира дека странката ги прочитала овие услови и дека се согласува со нив.
Без оглед на условите наведени на интернет-страницата, ПСД го задржува правото да ги промени условите наведени на интернет-страницата.

3.1.4 НАРАЧКА ПРЕКУ АПЛИКАЦИЈАТА PSD EXTRANET
Важно!
На располагање им е на сите странки кои користат PSD Extranet. Услов за нарачување преку PSD Extranet е активација на корисничка сметка.

3.1.5. БРЗА НАРАЧКА
Брзата нарачка може да е добиена во која било форма на примање нарачки, опишани во условите од точките 3.1.1. – 3.1.4. Брзата нарачка мора да биде добиена во работното време на ПСД и во тој период мора да биде и потврдена од страна на ПСД. Доколку ПСД не ја потврди изведбата, односно испраќањето на понудата во рок од еден час, брзата нарачка не е можно да се изведе.

Одговор на брзата нарачка добивате во форма на информативна понуда, во рок од еден час, и тоа, најпрво ПСД ве известува за тоа дали постојат капацитети за таквиот вид услуга. За изработка на брза информативна понуда, испратете ни што повеќе податоци, како што се: текстот за превод, целниот јазик на преводот, барање за лектура, рок на изработка и други детали. Вашата нарачка мора да ја потврдите на начин како што е опишано подолу во делот: Напомена.

Напомена!
Сметаме дека услугите се нарачани, кога понудата ПСД е потврдена, и тоа: преку интернет, е-пошта, нарачница и преку интернет-апликацијата ПСД (PSD App). Услугите, за кои и пред нарачката е склучен важечки договор, се нарачани секогаш кога странката го потврдува изведувањето на услугата (преку е-пошта, нарачница, интернет-апликацијата ПСД (PSD App)).

Важно!
Во случај на нарачка преку електронска пошта или телефон, се подразбира дека странката ги прочитала овие услови и дека се согласува со нив.
Без оглед на условите наведени на интернет-страницата, ПСД го задржува правото да ги промени условите наведени на интернет-страницата.

3.2. Начин на плаќање:
ПСД може да побара итно плаќање, односно предвремено плаќање или плаќање во рок од 8 дена. За подоцнежни рокови за плаќање, ПСД посебно се договара со странките.
ПСД овозможува и плаќање преку Moneta или PayPal.

Обуки
3.3. Во рамките на своите можности и пред сè доколку странките имаат желба, ПСД ќе организира бесплатни информативни обуки во врска со системот ПСД и редовно ќе ги известува странките за можностите за учество на таквите обуки. Странките кон ПСД не може да остварат правно барање да бидат организирани таквите информативни обуки. Одговорност на ПСД за каква било штета од ова е исклучена.

4) Пријава во Extranet и лозинка
4.1. Кога странката за првпат се пријавува во апликацијата PSD Extranet преку интернет-страницата на ПСД, ѝ се испраќа лозинка преку СМС или преку е-пошта, кои ги навела претходно. При пријавата, односно при евентуални подоцнежни промени, странката мора да се однесува според упатствата и советите, кои се наоѓаат на интернет-страницата на ПСД и според условите за користење на PSD Extranet. По електронско барање, на странката на нејзината наведена е-пошта или на мобилниот телефон ѝ се испраќаат дополнителни кодови за пристап. Повеќе за условите на користење на PSD Extranet може да најдете на следната врска.

4.2. Лозинката која ПСД ја испраќа по електронска пошта или преку СМС и која странката мора задолжително да ја промени, е строго доверлива. Додека ја внесувате лозинката, треба да внимавате да не ја види трето лице. Лозинката никогаш не смее да им биде достапна на трети лица, пред сè не смеете да ја чувате во мобилниот телефон.

4.3. Доколку странката констатира злоупотреба на својата лозинка за пристап на интернет-страницата на ПСД и на Extranet, итно мора да ја извести ПСД за таа да го блокира споменатиот пристап. По промена на податоците, странката повторно преку СМС или преку електронска пошта добива променети податоци за пристап. За штетата која би ѝ била предизвикана на странката од споменатата злоупотреба, одговара самата странка.

5) Поволности
5.1. За соработката во системот ПСД на странката повремено и/или редовно ѝ се овозможува да купува услуги по поповолни услови. ПСД особено го поттикнува користењето на системот ПСД, кој ја опфаќа комуникацијата Extranet.
5.2. Подетални одредби и дополнителни појаснувања во врска со ова се наоѓаат во прилогот „Систем PSD Extranet“. Тој прилог во моменталната верзија е достапен при првото влегување во PSD Extranet и кај ПСД.
5.3. Странката стекнува право на поволности од ПСД, кои произлегуваат од користењето на PSD Extranet, дури по земањето предвид на правилата наведени во системот Extranet.
6) Одговорност
6.1. Надвор од одговорноста за лична штета, за сета останата штета ПСД одговара само во случај на небрежност или при намерно предизвикување штета.
6.2. ПСД не презема никаква одговорност за постојана достапност на интернет-страницата, на СМС-услугите, а пред сè не презема одговорност за мобилните телефонски мрежи, интернетот, евентуалните терминали за картичката EC, за работењето на крајните мобилни направи и за системот ПСД. За таквото неработење и недостапност ПСД одговара само во случај доколку го предизвикал тоа од крајна небрежност или намерно.
6.3. Својата одговорност за штета, ПСД ја опишува во клаузулата за одговорност. Клаузулата е достапна кај ПСД. Во случај странката да сака да ја промени наведената одговорност на ПСД, ја известува ПСД. Без потврда од ПСД, условите не може да се променат.
Пред почетокот на соработката, односно на изведбата на проектот странката мора да ја предупреди ПСД за важноста на работата.
Напомена: ВАЖНА КЛАУЗУЛА!
Важноста на работата може да се дефинира како:
интерна работа, односно интерна употреба, или ниска важност;
важна работа, каде што текстот го читаат странките (каталози, интернет-страници, претставувања, семинари, итн.), или повисока важност;
многу важна работа (вредноста на таа работа може да биде од 50.000 до 50 милиони евра или повеќе), и тоа: преводи на понуди, на конкурси, на договори, итн., или висока важност.
7) Гаранција, надомест на штета или други барања поради недоволно исполнување на обврските, односно поради грешка или недостаток, кои се прецизно опишани и може да се проверат
7.1. Сите евентуални барања во врска со гаранцијата, надоместокот на штета, грешката или другите барања поради недоволно исполнување или неисполнување на обврските, странката може да ги оствари исклучиво преку ПСД, односно преку нејзините подружници, преку партнерските претпријатија или преку поврзаната фирма (во продолжение: ПСД-единица), кај која странката ја нарачала услугата. Странката е запознаена дека при регулирање на овие барања треба да ја земе предвид поединечната договорна спогодба помеѓу двајцата договорни партнери, односно ПСД, кај кој била нарачана услугата.
7.2. Во секој случај, странката се договара со поединечната ПСД-единица во однос на обврските кои ги обезбедува ПСД. Така, одредбата од точка 6.3. се однесува само на одговорноста на ПСД-единица Љубљана, односно на фирмата ПСД д.о.о. со седиште на Кведрова цеста 5а во Љубљана, запишана во судскиот регистар на Окружниот суд Љубљана под бр.: 1/42604/00. За останатите фирми и за нивните одговорности треба да добиете писмено образложение од страна на поединечната ПСД-единица, односно погледнете ги евентуалните одговорности на фирмите преку следниот линк.
7.3. Повеќе за тоа и за рекламациите и во точката 11.

8) Престанок на спогодбениот однос од страна на странката
8.1. Странката има право во кој било момент, со писмена изјава да го прекине спогодбениот однос со ПСД, односно односот да биде прекинат така како што е наведено во договорот помеѓу ПСД и странката. Странката, како што е тоа опишано во точката 12.4. од овие услови, има обврски спрема ПСД.
8.2. Странката е должна да ги исполни евентуалните неисполнети обврски во периодот на прекинот на соработката.

9) Обработка и пренос на податоци
9.1. ПСД ги бара, ги зачувува и ги обработува општите податоци на странката, како и нејзините лични податоци, кои таа му ги посредува во рамките на спогодбениот однос и кои, во рамките на проверката на нејзиниот идентитет и деловна способност му ги посредуваат трети лица. Странката се согласува со тоа.
9.2. Пронајдените и обработени податоци на странката се користат за извршување услуги во врска со услугите на ПСД и не се посредуваат до трети лица за други цели.
9.3. ПСД има право да ги посредува пронајдените и обработени податоци на странката до ПСД-единиците со цел извршување или преземање услуги во врска со услугите на ПСД.
9.4. Странката се согласува нејзините лични податоци да се зачувуваат, да се обработуваат и да се посредуваат преку системот ПСД, колку што е тоа потребно за да се регулираат нејзините деловни односи. Оваа согласност странката може да ја прекине кога било.
9.5. Доколку ПСД на обработка добие лични податоци, странката е должна да го извести ПСД за испраќањето на личните податоци на обработка и истовремено со ПСД е должна да обезбеди посебна уредба за обработката на личните податоци од страна на ПСД, кои не ги регулира овој Општ правилник.
10) Промени/дополнувања на договорот
10.1. Промените на содржината на договорот мора да бидат во писмена форма; тоа важи и за случај кога се отстапува од договорот. Барањето за писмена форма може да се исполни и со пренос на овие промени по телефакс или по електронска пошта. Доколку дојде до промени на условите од договорот, треба само да се обноват и да се објават на интернет-страницата на ПСД. Додека се објавени на интернет-страницата на ПСД, тие услови за странката се задолжителни, доколку тие не се поинаку запишани во договорот за соработка, кој е склучен во писмена форма. Промените на тие услови важат во спогодбениот однос помеѓу ПСД и странката, од моментот на нивната објава, односно од моментот кога ПСД за тоа ги известува своите странки со кои има писмен договор и кога склучува анекс како прилог кон наведените промени.
10.2. Понудените промени на договорот на странката може да ѝ се соопштат и по електронска пошта, на нејзината последна позната електронска адреса.

11) Рекламации, односно жалби
11.1. Странката за неправилностите, односно за недостатоците треба да го извести одговорниот претставник од ПСД, преку телефон или преку електронска пошта.
Рекламации примаме во рок од 8 дена од денот на достава на преводот. Во тој рок, поправувањето на грешките е бесплатно, а по истекот на тој рок поправувањето на грешките се наплаќа.
11.2. Доколку, судејќи по содржината, рекламацијата би можела да биде решена во рок од 8 дена (итна мерка на ПСД), а странката веднаш не реагирала на грешката и за неправилноста не го известила одговорното лице, се подразбира дека странката се согласува со извршената услуга (на пр. правописна грешка, печатна грешка, итн.) и со тоа го губи правото за поднесување подоцнежни рекламации.
11.3. Во случај на поголем број преведени страници (повеќе од 100 преведени страници), странката има право да го продолжи рокот за жалба, и тоа најмногу до 30 дена од денот кога услугата била извршена.
11.4. Во случај странката да го пропушти рокот за поднесување рекламација, поправувањето на грешките се наплаќа.
12) Откажување на нарачката
12.1. Странката има право да ја откаже нарачката.
12.2. ПСД мора да го прими откажувањето во писмена форма, односно преку електронска пошта, најмногу еден час по официјалната нарачка (во тој случај за официјална нарачка се смета и нарачка преку електронска пошта). По тој временски период нарачката не може да се откаже, односно во случај на откажување, странката е должна да го плати износот на нарачката.
12.3. Во случај нарачката да е примена со рок на изработка „нареден ден“ (итна нарачка) и таа нарачка странката не ја прекинала (или се обидела да го изврши прекинот надвор од работното време на ПСД), во секој случај е должна да ги плати трошоците споменати во точката 12.4.
12.4. ПСД има право да добие надомест за следните трошоци:
– број на преведени страници/часови до моментот кога странката ја откажала нарачката од ПСД (во овој случај може да се земе предвид бројот на преведени страници до моментот кога ПСД фактички воспоставил контакт со подизведувачот, доколку услугата ја извршува подизведувач, односно тогаш кога ПСД му соопштил на подизведувачот да прекине со услугата);
– други евентуални трошоци.
13) Чување на податоците
13.1. ПСД ги чува сите добиени податоци за странките во согласност со важечкото законодавство и со интерниот Правилник за чување на тајни податоци.
14) Неработење, нарушено работење и користење на интернет-страницата на ПСД
14.1. Во случај интернет-страницата на ПСД да не работи или да е нарушена нејзината активност, странката може да ја извести ПСД и странката во овој случај ѝ ги посредува своите услови на друг начин.
14.2. Во случај интернет-страницата или апликацијата ПСД да не работи правилно, странката е должна да стапи во контакт со ПСД преку телефон, односно преку е-пошта.
15) Завршни одредби и посебни услови
15.1. На интернет-страницата на ПСД не се објавени цените на услугите, туку објавена е само информативна цена, во случај да се нарачува преку електронскиот образец „Брза информативна понуда“, односно, во случај на нарачка и плаќање услуги:
– ПСД издава нарачница или профактура со ДДВ (според важечкото законодавство во странство, ПСД не издава ДДВ, доколку за тоа има услови),
– ПСД на интернет-страницата ги прикажува сите податоци кои се однесуваат на плаќањето. Цените не вклучуваат ДДВ. За пресметување на ДДВ, странката може да добие информација на интернет-страницата на ПСД (ценовник), односно во ПСД.
15.2. За сите дејства надвор од фактичкиот систем на ПСД (пред сè за сите совети и одговори), во врска со кои во оваа спогодбена основа не се опфатени никакви одредби за трошоците, ПСД има право да бара плаќање на трошоците за нивна обработка; по правило, бесплатни се само одговорите на општи прашања или на кратки прашања за конкретни работи.
15.3. За време на користењето на системот ПСД, а и подоцна, странката во никаква форма нема право да користи зборовни трговски марки, сликовни трговски марки, зборовно-сликовни трговски марки или други препознатливи знаци на ПСД, кои се вообичаени при настапување на пазарот.
15.4. Странката се обврзува дека нема да стапува во контакт со преведувачот или со толкувачот (подизведувачи на ПСД) без изречна согласност од ПСД.
15.7. Доколку се утврди кршење на обврските од точките 15.3. до 15.4., странката е должна на ПСД да му плати спогодбена глоба во износ од 15.000,00 евра за секој поединечен случај на кршење, и во случаите кога работата нема да биде соодветно завршена и доколку ПСД не предизвикала штета.
16) Решавање спорови
Во случај на спор меѓу странките, за сите спорови се користи македонското право и надлежен е судот во Скопје.
Напомена: При соработка со ПСД нема скриени клаузули!

Клаузула за одговорност за штета:
ПСД својата одговорност за штета спрема странката ја ограничува на 50.000 евра. Во случај странката да сака да ја промени наведената одговорност на ПСД, за тоа ја известува ПСД. Без потврда од ПСД, условите не може да се променат.
Пред почетокот на соработката, односно пред почетокот на изведувањето на проектот, странката мора да го предупреди ПСД за важноста на работата. Важноста на работата може да се дефинира како:
 Интерни работи, односно интерно користење, или ниска важност;
 Важни работи, каде што странките ги читаат преводите (каталози, интернет-страници, претставувања, семинари, итн.), или повисока важност;
 Многу важни работи (вредноста на тие работи може да биде од 50.000 до 50 милиони евра или повеќе), и тоа: преводи на понуди, преводи на тендери, преводи на договори, итн., или висока важност.

Уредување на договор 
Странката и ПСД можат со договор понаку да го уредат меѓусебниот однос. За сè што не е уредено со договор, важат одредбите на овие Општи услови.

Овие Општи услови важат од 1. 9. 2016 година.

certifikat iso 17100