Услови на користење и реализација на услугата – преводи 24/7 T

1 Обезбедување на преводот за 24/48/72 часа (24/7 T)

1.1 Обезбедување
PSD Group (PSD) обезбедува навремена реализација на услугите, под условите што се објавени на интернет-страницата (Општи услови на работење и Услови на користење и реализација на услугата 24/7 T). Нарачките ги примаме во текот  на работното време (за работното време на PSD ќе дознаете на интернет-страницата на PSD или директно кај нас). Нарачката и плаќањето на преводот преку услугата 24/7 T обезбедуваат достава на преводот на вашата е-пошта или на вашиот профил на PSD Extranet. За другите начини на достава на услугите, мора посебно да се договорите со PSD, и ако се тие можни, ги изведуваме (на пример: брза пошта, при што трошоците ги покрива странката, итн.).

1.2 Достава на услугата
Доколку PSD не ја достави услугата до договорениот рок, странката има право да ја добие уплатената сума (повеќе за висината на уплатената сума што се добива, во делот »Враќање на уплатената сума«). Парите ѝсе враќаат на странката под условите кои се опишани во делот »Враќање на уплатената сума«.

1.3 Известување во рок од еден час
PSD се обврзува дека по приемот на известувањето за извршената уплата, најдоцна во рок од еден час, ќе ја извести странката за почетокот на проектот. Најдоцна за два часа, PSD фактички започнува со реализација на проектот.

1.4 Должност на странката
Доколку странката во рок од еден час, од PSD не добие потврда за приемот на уплатената сума, должна е да контактира една од канцелариите на PSD, која во зависност од временската зона ќе може да го прими известувањето од странката. Списокот на достапните канцеларии во зависност од различните временски зони е во точката 2.5.

1.5 Работно време на канцелариите на PSD
Во текот на работното време на канцелариите, PSD веднаш ги обработува податоците на странката, која ја нарачала услугата 24/7 T. Надвор од работното време на канцелариите, наведени на списокот на достапни канцеларии, PSD не одговара за евентуалните задоцнувања при реализацијата на проектот.

1.6 Неработно време на канцелариите на PSD
Надвор од работното време на канцелариите на PSD, странката може да испрати нарачка, која ќе биде обработена од страна на дежурното лице. Без оглед на дежурното лице во преодниот период, за нарачка на услугата ќе се смета времето на отворањето на канцеларијата на PSD, и тоа GMT +1 (Љубљана, Берлин, Париз). Во тој случај, странката сама го пресметува датумот на достава на услугата. Неработно време на канцелариите на PSD се смета времето кога се затворени по завршувањето на работното време, за викендите и празниците.

1.7 Преоден период
За преоден период на услугата 24/7 T се смета периодот од 1.1.2018 до 1.1.2019 година.

2 Откажување на нарачката

2.1 Нарачката 24/7 T може да се откаже.

2.2 Како и за откажувањето нарачки наведени во Општите услови, се пресметува бројот на преведени страници до моментот на откажување и евентуалните трошоци за обработка на нарачката (види: манипулативни трошоци за обработка на нарачката или точка 2.3).

2.3 Остатокот од уплатената сума ѝ се враќа на странката (освен манипулативните трошоци за обработка на нарачката, кои се движат од 20 до 50 €, односно од 100 до најмногу 500 € при откажување/рекламација на високи вредности, т. е. при нарачки над 2.000 €). Точната сума на манипулативниот трошок ја определува PSD.

Неколку примери за манипулативни трошоци:
– сета извршена работа до моментот на откажувањето;
– часот на работа (првиот час е неделив, потоа се пресметуваат 15-минутни интервали);
– разговори со странката (пресметување на 15 минути);
– подготовка на понуди, превод, речници, итн. (види: точка 2.7);
– други манипулативни трошоци.

2.4 При откажување на нарачката ја земаме предвид временската зона во која странката ја нарачала услугата кај PSD, значи и работното време на канцелариите PSD.

2.5 Повеќе за работното време на канцелариите на PSD може да најдете на следната врска.

2.6 Откажувањето на нарачката може да се случи додека се преведува последниот збор, кој во моментот на откажувањето е веќе преведен, па затоа сите преведени текстови се пресметуваат по веќе однапред договорената цена со евентуални додатоци поради обработка на откажувањето на нарачката. Преостанатите средства уплатени отповеќе, ѝ се враќаат на странката.

2.7 Под евентуален додаток при откажување, спаѓа и зголемувањето на договорената цена на преводот до најмногу 50 % од договорената цена, и тоа поради трошокот, кој настанал при подготовката за преводот, при евентуалната подготовка на речници, при истражување, итн. Точната висина на додатокот, односно на зголемувањето на договорената цена на преводот при откажување на нарачката, ја определува PSD.

3 Право на рекламација
3.1 Право на рекламација постои за сите нарачки, и тоа: странката мора да докаже дека е преводот погрешен (погрешно пренесено значење од оригиналот во преводот, опис на грешката: P 01), и покрај тоа што на почетокот обезбедила соодветен речник и материјал, односно упатила на интернет-страница или на документи на мрежата, каде што преведувачот би можел да ја најде терминологијата, што морало да ја употреби.

3.2 Странката има право да ги добие парите назад, доколку изведувачот не успеал да му обезбеди квалитет на крајниот производ, и тоа најмногу во рок, двојно подолг од рокот на доставата на самиот превод, т. е. од денот/часот, кога се пожалила странката, односно доколку странката уште пред нарачката навела дека сака 100-процентна гаранција на квалитетот и при тоа за тоа и соодветно платила.

4 Враќање на уплатената сума
4.1 Враќањето на уплатената сума, односно на делумниот дел од уплатената сума, се изведува така што на странката ѝ се враќаат договорените средства на сметката PayPal, на трансакциска сметка (средствата се враќаат на трансакциска сметка, доколку не е можно автоматско враќање на кредитната картичка или на картичката од која странката го извршила плаќањето) или на кредитна картичка (доколку постои таква можност). Доколку трошоците за враќање на уплатената сума на странката се поголеми од манипулативните трошоци, кои PSD ги задржува при евентуално враќање на пари, враќањето на уплатената сума не се извршува.

  • PSD не ги враќа провизиите од институциите преку кои се врши плаќањето, како што се банките, PayPal, итн.
  • Враќањето се извршува во рок од најмногу 30 дена.

4.2 Кредит
Странката може да го искористи враќањето на уплатената сума во форма на кредит, кој може да го искористи за подоцнежна нарачка. Важноста на кредитот е 12 месеци.

5 Безбедност при плаќање

5.1 Уплатата за 24/7 T може да се изведе преку PayPal или со платежни картички. За другите начини на плаќање, посетете ја интернет-страницата, односно канцелариите на PSD.

5.2 Уплатите PayPal се вршат директно преку PayPal, така што PSD во моментот на плаќањето нема пристап до вашите податоци. PayPal го известува PSD, кога странката ќе ја изврши уплатата. Веднаш по применото известување, започнува реализацијата на проектот. Поради евентуални доцнења при известувањето, системот PSD ќе испрати е-пошта со известување за почетокот на реализацијата на проектот. Доколку не добиете е-пошта/известување во рок од еден час, веднаш известете нè. Контактните податоци зависат од државата, односно од временската зона во која нарачувате.

5.3 Плаќањата со платежни картички исто така се вршат преку системот PayPal, односно PayPal партнерите. PSD не го добива податокот од која платежна картичка странката го извршила купувањето, па затоа странката мора задолжително да го означи начинот на плаќање.

5.4 PSD не одговара за евентуална злоупотреба при плаќањето.

Повеќе за безбедноста при уплаќање и преку врската.

Услови за признавање на 100-процентната гаранција на задоволство

1 Услови за земање предвид на гаранцијата и нејзина важност

1.1 100-процентната гаранција на задоволство се зема предвид само при нарачка на целосна услуга (превод, проверка, ревизија, редакција, лектура, краен преглед), и тоа при земање предвид на Општите услови за соработка, како и на упатствата на PSD за изведување на проектот (на пр. праќање на дополнителен материјал, речник на стручни термини и др.)

2 Безусловно враќање на парите
2.1 При почитување на условите на PSD за добивање 100-процентна гаранција на задоволство, при нарачка и плаќање на услугата 24/7 Т, странката има право 100-процентно да ги добие парите назад (намалени за висината на сумата за манипулативните трошоци), кога PSD доцни со изведбата на услугата, освен кога врз доставата на преводот влијаат надворешни фактори, односно виша сила, особено прекин на интернетот, болест и други услови, кои влијаат на појавата на виша сила.

2.2 Без оглед на правото на добивање на парите назад, PSD ја задржува висината на износот на манипулативните трошоци, споменати во точка 2.3 од Условите 24/7 T.

Љубљана, 31.12.2017

certifikat iso 17100