Барате професионален глобален партнер?
Не знаете кому да му ги доверите своите податоци?
Барате совет за цена и најоптимални решенија за превод на вашите текстови?
Ги продавате своите производи на странци и не знаете како да ја локализирате содржината, со цел да ја зголемите продажбата?

Добре дојдовте во решенија за корпорации и фирми.

Што сè можеме да сториме за вас?

  • Ви ги оптимизираме трошоците за преведување при што квалитетот останува на високо ниво;
  • Се грижиме за целосниот процес, од водењето на проектот, превод и проверка, ревизија, редакција и завршен преглед на текстот (proofreading);
  • Советуваме во однос на изборот на најоптимално решение пред почетокот на проектот.
  • Бараме и наоѓаме соодветен преведувач, ревизор и/или редактор,
  • Правиме терминолошки стручен речник,
  • Креираме и се грижиме за вашата меморија,
  • Ги архивираме вашите преводи, кои ќе ви бидат достапни 24 часа на ден преку порталот PSD Extranet.

При тоа, користиме најсофистицирани алатки за креирање меморија – Trados, а и други: Accross, StarTransit, итн. Истовремено, за квалитетот на вашите текстови се грижат и стандардизирани постапки сертифицирани со ISO 9001 и со EN 15038, како и проверки со софтвер, како што е Xbench. Обезбедуваме стручност и конзистентност и со сопствената алатка за водење проекти – PSD Extranet и со креирањето специјализирани речници – PSD Web Dictionary.

Пример за проект – превод на повеќе од 1000 различни производи пред отворањето на продавницата за спортска опрема и новиот синџир Decathlon во Словенија

Корпорација: Decathlon, продавница за спортска опрема
Изворен јазик: EN
Целни јазици: CRO, SL
Опсег: повеќе илјади страници во четиримесечен период
Начин на преведување: преведување производи, испраќани во повеќе од 100 пакети неделно, организација на преводот со сите преведувачи, ревизори за поединечниот јазик, превод и проверка на квалитетот преку PSD Extranet – QC (Quality checking).
Посебности: истражување и определување правилни изрази за неколку илјади производи.

Референца: видео

Пример за проект – превод на видеозаписи на 23 јазици
Корпорација: нарачател од UK
Изворен јазик: EN
Целни јазици: RU, KO, ITA, DE, HU, CZ, SK, FR, PT, xxxx
Опсег: 900 минути (видеоматеријали)
Начин на преведување: изработка на транскрипти (слушање на видеоматеријалите), превод на транскриптите и изработка на фајлови srt, организација на преводот со сите преведувачи, ревизори за поединечен јазик, превод и проверка на квалитетот преку PSD Extranet – QC (Quality checking).
Посебности: водење на проектот со повеќе јазици, превод и усогласување на наречјата, структурирање на преводите и изработка на посебни фајлови за натамошна употреба.
Референца: видео

Пример за проект – превод на техничка документација за машини од EN – RU

Нарачател: wwwDelta, Белгија
Изворен јазик: EN
Целни јазици: RU
Опсег: 150 страници
Начин на преведување: изработка на речник на помалку познати зборови, организација на преводот со двајца преведувачи, ревизор и редактор, превод и проверка на квалитетот преку PSD Extranet – QC (Quality checking).
Посебности: водење на проект од комплексно подрачје, проверка и усогласување на преведувачите со ревизорите и со редакторите.

certifikat iso 17100