20/09/2015

Клиент, на кој продажбата му опадна за 70%

Клиент, кој сакаше да остане анонимен, ни ја раскажа својата приказна. Изгубил 70% од својот промет во Италија, затоа што преводот на интернет продавницата го доверил на непрофесионални преведувачи. Дури по десет месеци открил зошто неговата продажба опаѓа. Веб – страната е поправена, текстот е прилагоден и локализиран, но сепак тој се одлучил да го промени брендот, логото и името на компанијата.

Повеќепати се случува квалитетот на преводите да се открие дури по неколку години, откако текстот ќе го прочитаат неколку илјади луѓе. Пред повеќе од еден век, Џон Рaскин го дефинираше односот помеѓу квалитетот и парите. Вели дека ако платиме повеќе можеме да изгубиме само пари, но ако платиме помалку можеме да изгубиме сè.