31/01/2015

Што ќе се случи, доколку се одлучи само судот и Управната единица да имаат право на ангажирање судски преведувачи? На 11 февруари членовите на Одборот за правда ќе одлучуваат за предлогот за дополнување на Законот за судовите и заедно со евентуалните предлози за амандмани ќе го предложат до Собранието на гласање. Гласањето е предвидено за првата седмица од март.

Предлогот на Законот за промени и дополнувања на Законот за судовите (EVA 2013-2030-0109), ги засегнува судските преведувачи на многу неправилен начин, па доколку се донесе, судските преведувачи ќе може да работат само на покана на судовите и Управните единици. Што значи тоа за државјаните, за правните и физички лица, може да си замислите.

Се надеваме дека воопшто нема да дојде до тоа.