08/06/2010
Прв сертификат на преведувачкиот стандард EN 15038
Во„Пословна оаза„ на Стопанската комора на Словенија на директорот на компанијата ПСД преведувачки услуги д.о.о. му беше врачен прв сертификат на преведувачкиот стандард EN 15038
Биро Веритас (официјално доделување на сертификат)
Го доделивме првиот преведувачки стандард EN 15038 во Словенија
Во вторник 8 јуни 2010, директорот на сертифицирањето г-динот Борут Млакар на свеченото доделување во „Пословна оаза„ на Стопанската комора на Словенија му израчи на директорот на ПСД преведувачки услуги д.о.о. прв сертификат на преведувачкиот стандард EN 15038. Се работи за првиот специфичен стандард во преведувачката индустрија кој на понудувачите на преведувачки услуги и нивните нарачатели им нуди дефиниција за перфектна услуга. Стандардот од ден на ден станува се повеќе препознатлив, многуте конкурси за преведувачки услуги веќе бараат соодветност со условите на стандардот. Главната намена на стандардот EN 15038 е воспоставување и дефиниција на услови кои понудувачите на преведувачките услуги мораат да ги исполнат со цел да обезбедат квалитет на своите услуги.
Директорот на друштвото ПСД ја објаснува одлуката за воведување на стандардизација:
„Воведувањето на стандардот за нас беше важно од две причини, првата, уредувањето на самото работење на компанијата и втората, уредувањето на односите со нашите надворешни соработници. Така работењето на ПСД групацијата стана поедноставно, попрегледно, полесно ги следиме процесите, ги анализираме и ја планираме иднината на компанијата. Самата стандардизација на работењето е доста комплексен и сложен процес, потребно е преиспитување на сите деловни процеси во компанијата, но како долгорочна придобивка едноставно се исплаќа бидејќи се добива подобра прегледност на работењето и со тоа олеснување на работењето на компанијата. Многу пати решението за определени проблеми самото од себе се покажува.
Воведувањето на стандардот за нас беше многу значајно и за уредување на односите помеѓу вработените во компанијата, добавувачите и нарачателите на нашите услуги, уредување на процесот на преведување, унифицирање на терминологијата и начинот на работа. Самото користење на стандардот го поттикнува претпријатието кон непрестано подобрување на процесите и севкупното работење и планирање на иднината. Сето тоа придонесува кон подобрување на квалитетот.
Од двата стандарди ISO 9001:2008 и EN 15038:2007 очекуваме уреден систем на работење, оптимално искористување на нашите капацитети и поголем квалитет на нашите услуги. Свесни сме дека самото воведување на стандардот не значи решавање на сите наши проблеми во ист момент, но патот до квалитетот е загарантиран.
Користи од воведениот систем на работење според EN 15038:
Стандардот EN 15038 ги определува барањата за понудувачите на преведувачките услуги во врска со човечките ресурси, технички ресурски, системот на водењето на квалитетот, водење на проектите, односот со нарачателите, постапките при изведбата на преведувачките услуги како и следењето и надзорот на преведувачкиот процес.
EN 15038 за преведувачките агенции е важен поради следниве значајни причини:
Конкуренциска предност, пазарна диференцијација;
Подобрување на оперативната ефикасност;
Јакнење на довербата кај клиентите.
Краткорочни предности:
Освежувачки ефект на анализата и критичен преглед на моменталната организација;
Извор на нови идеи како темел за понатамошен развој и непрекинато подобрување на квалитетот на услугите;
Доказ за соработниците дека Агенцијата ги исполнува побарувањата кои ги дефинирале стручните лица од цела Европа.

