Имате договор на странски јазик?
Имате тужба, решение за развод, и не знаете кому да ги доверите?
Ќе студирате во странство и сте загрижени дали вашата диплома ќе биде правилно преведена?

Совет пред нарачката на преводот може да ви заштеди многу од вашето драгоцено време.

Обично од нас сте барале судски заверени преводи на документи за виза, за посвојување дете, за казнена евиденција, преводи на пасоши, дипломски, семинарски и стручни дела, како и нивна лектура.

Токму затоа услугите ги прилагодивме на вашите потреби. Пред да ги донесете своите документи, јавете ни се за совет во однос на преводот и заверката зашто на тој начин сме им помагале и сме им го оптимизирале времето на илјадници странки, и тоа во следните подрачја:
• Добивање дополнителни заверки, особено апостил, заверка од преведувачи, заверки во Министерството за надворешни работи (надзаверки), итн.
• Пред испраќање на преводот во странство,
• Пред запишување на факултет,
• Пред склучување брак,
• Пред одржување настан, пред едукациски семинар.

Советот нема да ве чини ништо, а заминувањето во странство со погрешно преведени документи може да ве чини од 100 до 1000 евра.
Илјадниците преведени документи ни овозможуваат да даваме совети и во однос на управни и судски постапки, како и да ви помагаме при барање правилен одговор во многу краток временски период од тоа што е обично потребно.

certifikat iso 17100