20/02/2012
На 20.02.2012 претпријатието ПСД успешно ја помина втората контролна оцена која беше спроведена од куќата за сертифицирање Bureau Veritas. Од добивањето на сертификатот до денес, ПСД овозможи редовно извршување на водечките прегледи, оценки на подизведувачите, корективни и превентивни мерки, како и водење на нескладноста, анализа на истите и анализа на сите процеси во претпријатието.
На контролниот преглед беше утврдено намалување на неусогласеноста. Причина за тоа е секако ажурното водење и следење на процесите во претпријатието, вклучување на ревизијата како задолжителен процес во преведувањето и доследно земајќи го во предвид Правилникот за квалитет.
Задоволни сме дека во овие несигурни времиња можеме да се пофалиме со доследност при извршување на проектите од областа на гарантирање на квалитетот.

