13/07/2015

Наша филозофија – да ги поддржиме младите!
Особено да ги поддржиме успешните, но не само интелектуалните достигнувања, иако повеќето од тие млади ќе се одлучат да го продолжат својот пат и во таа насока. Основата е одлична.
На светот му се потребни здрави луѓе. Такви, кои растат во здрава и стимулативна средина. Секогаш се почнува дома, со примерот на родителите, па се продолжува надвор од дома, повторно под раководство на родителите. Не постои подобро влијание од тоа детето дома и дури и надвор да има некого кој ќе го стимулира во вистинската насока. Затоа, инвестициите во децата не се претерани. Особено не во оние деца, на кои не им е тешко да работат, на оние деца кои го зацртуваат својот пат со љубов и воодушевување.
И најмладите се дел од нашето работење:
– Штитениците на Заводот за оспособување „Јанез Левец“ ни изработија новогодишни честитки, а ние им приредивме новогодишна забава во детскиот центар „Бети и Цеј“;
– За помошта на градинките преку „Фин завод“ од Радече добивме сертификат за толерантна фирма;
– На Штаерска ја поддржавме програмата „Јумицар“, преку која децата од ОУ „Камница“ стекнаа основа за сообраќајната безбедност;
– Како членови на Ротари клубот „Згорњи Брник“ (23.6.2015) пред нас се уште поголеми хуманитарни проекти, и како што споменав, со задоволство ги поддржуваме младите и најмладите зашто тие се нашата иднина.
Драган Шибанц