PSD Extranet System

Следете ги вашите проекти во реално време со алатката за следење на состојбата.

Безбедно, централизирано водење на терминолошките збирки за вашата фирма

• Следење на преведувачкиот процес во реално време,
• 24-часовен пристап до вашите преводи,
• Забелешки и кореспонденција преку едноставна употреба на comm box на вашиот профил,
• Пристап до други алатки, особено до индивидуалниот речник,
• Upload на поголеми документи,
• Архива на преводите.

PSD Extranet System со модулот за интернет-речникот на овластениот корисник му овозможува да запишува, да одобрува и да ја споделува терминологијата која е типична за вашето стручно подрачје.

Сите алатки што ви се потребни за ефикасно следење на проектите. PSD Extranet им е достапен бесплатно на сите странки на преведувачката агенција ПСД.

Со технологијата на PSD Extranet може да ги прикачите сите проекти во електронска форма за неколку минути. Ќе добиете детална структура на трошоците. Состојбата на проектот може да ја следите во реално време, 24/7, од кое било место на светот.
На сите кои барем еднаш сте соработувале со нас, може да ви овозможиме пристап до вашиот личен профил на PSD Extranet. На својот профил ќе ги најдете сите преводи кои сме ги извршиле за вас.

Интернет-речник ПСД

Интелигентна алатка за креирање бази на стручната терминологија од вашето стручно подрачје.

За целосна усогласеност и конзистентност на преводите ви нудиме можност на креирање терминолошки збирки на стручни зборови и фрази или користење на претходно креирани бази.

Тие податочни бази содржат посебни техничко специфични зборови и фрази кои се користат во вашата фирма и дејност. На странките им подготвуваме речник на стручни зборови за германски, англиски, португалски, унгарски, српски, кинески или за кој било друг светски јазик.

Интернет-речникот ви е достапен на сите што соработувате со нас.

LEXICON: Функцијата ви овозможува пребарување збор или синтагма во вашиот речник.
MULTILANGUAGE: Функцијата ви овозможува преглед на зборови или фрази за веќе избраните јазични комбинации.
ADD WORD: Функцијата ви овозможува додавање нови зборови за вашето стручно подрачје. Зборовите ги додава преведувачот, ревизорот.
APPROVE: Функцијата овозможува преведувачот, ревизорот и нарачателот да го усогласат преводот и да обезбедат негова конзистентност.

ДРУГА ТЕХНОЛОГИЈА И СОФТВЕР

При преведувањето, тешко е да се постигне висок квалитет на преведените текстови без користење терминолошки бази, без алатки, кои формираат мемориски бази и автоматизирани алатки за проверка на квалитетот на преводот (proofreading).

Алатки за креирање бази на податоци
Trados е најпозната алатка за преведување (креирање мемориска бази – ТМ).
Други алатки кои практично се копија на технологијата на Традос се дел од процесот на ПСД, особено Across, StarTransit, Wordfast, итн.

Алатки за автоматизирано преведување текстови
XBench

certifikat iso 17100